SplitEase+

Како да додадам трошок со глас?

Гласовните трошоци ви овозможуваат да опишете трошок на глас наместо да го пишувате. Тоа е дел од SplitEase+.

Чекори

  1. Допрете го копчето +, потоа Глас (Voice).
  2. Допрете го микрофонот и кажете го износот, за што бил и како да се подели, на пример: „Dinner, 1200, split equally“.
  3. Проверете што пополнил SplitEase и допрете Провери и зачувај (Review split and save).
  4. Направете ги потребните промени и допрете Зачувај (Save).

Снимањето запира по 30 секунди. Гласовните трошоци засега разбираат само англиски.

Потребна ви е барем една група пред да може да додадете трошок со глас.

Апликацијата SplitEase сè уште не е достапна на македонски. Имињата на копчињата во загради се она што ќе го видите на екранот.

Поврзани прашања

Сè уште ви треба помош?

Пишете ни и ќе ви одговори човек од тимот на SplitEase.

Контактирајте поддршка
Јазик: Македонски