SplitEase+

Како да скенирам сметка за да додадам трошок?

Скенирањето сметки го чита вкупниот износ и деталите од сметката за да не мора да ги пишувате. Тоа е дел од SplitEase+.

Чекори

  1. Допрете го копчето +, потоа Скенирај (Scan).
  2. Фотографирајте ја целата сметка, или изберете Галерија (Library) или PDF за да користите датотека што веќе ја имате.
  3. Проверете ги деталите што ги пронашол SplitEase и допрете Користи (Use).
  4. Прегледајте кој платил и како е поделено, а потоа допрете Зачувај (Save).

Сликата се прикачува на SplitEase за да се прочита. Погледнете ја нашата Политика за приватност за тоа како се постапува со неа.

Скенирањето може да згреши. Секогаш проверувајте го износот пред да зачувате.

Апликацијата SplitEase сè уште не е достапна на македонски. Имињата на копчињата во загради се она што ќе го видите на екранот.

Поврзани прашања

Сè уште ви треба помош?

Пишете ни и ќе ви одговори човек од тимот на SplitEase.

Контактирајте поддршка
Јазик: Македонски