Не го добив кодот за верификација од SplitEase

SplitEase ве најавува со 6-цифрен код испратен преку SMS на вашиот телефонски број.

Чекори

  1. Проверете дали бројот на екранот е точен. Ако не е, допрете Промени (Change) и внесете го повторно.
  2. Почекајте една минута. Пораките може да доцнат поради мрежата.
  3. Допрете Не го добивте? (Didn't get it?). По 60 секунди, Испрати повторно (Resend now) станува достапно. Допрете го за да добиете нов код.
  4. Проверете дали телефонот има сигнал и дали не ги блокира пораките од непознати испраќачи.

По премногу обиди ќе ве замолиме да почекате неколку минути пред да се обидете повторно.

Сè уште нема код? Контактирајте нè со телефонскиот број што сте го користеле.

Апликацијата SplitEase сè уште не е достапна на македонски. Имињата на копчињата во загради се она што ќе го видите на екранот.

Поврзани прашања

Сè уште ви треба помош?

Пишете ни и ќе ви одговори човек од тимот на SplitEase.

Контактирајте поддршка
Јазик: Македонски