Како да се порамнам со некого?

SplitEase води сметка кој на кого должи, но не врши плаќања. Платете ѝ на другата личност како што обично плаќате, а потоа запишете го во апликацијата за да се ажурираат двете салда.

Чекори

  1. Отворете ја групата и допрете Порамни (Settle up).
  2. Ако вие сте платиле некому, допрете Запиши плаќање (Record payment) до неговото име, проверете го износот и потврдете. Може да запишете и дел од она што го должите.
  3. Ако некој ви платил вам, допрете Означи како примено (Mark as received) до неговото име и потврдете.

За да ги видите претходните плаќања, допрете Историја (History) на истиот екран.

Апликацијата SplitEase сè уште не е достапна на македонски. Имињата на копчињата во загради се она што ќе го видите на екранот.

Поврзани прашања

Сè уште ви треба помош?

Пишете ни и ќе ви одговори човек од тимот на SplitEase.

Контактирајте поддршка
Јазик: Македонски